Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секојдневните високи бројки на починатите лица како последица од ковид-19 ја вратија Македонија на најцрниот врв на табелата на европски земји со највисока стапка на смртност од ковид. Македонија е убедливо на првото место со 99 смртни случаи на 1 милион жители во последниве 7 дена, според статистиката на Ворлдометерс.
На второ место е Црна Гора (64 починати лица од ковид-19 на 1 мил. жители), па следуваат Бугарија (45), Русија (38), Гибралтар (30), Литванија (22), Грција (21)…
Во светот сме седми по смртност. Пред нас се само Мартиник, Француска Полинезија, Гвадалупе, островот Сент Мартен, Грузија и Аруба.
Македонија на европската табела е високо и според бројот на новозаразените лица (3.083) на 1 милион жители во истиот период – на четвртото место.
На прво место е Црна Гора (7.021 новозаразен на 1 мил. жители), на второ е Велика Британија (3.416).
По Македонија на оваа табела следуваат Ирска (2.471), Грција (2.136) , Швајцарија (2.059), Албанија (1.953)…
Вчера во земјава бројот на починати беше 37 лица, меѓу кои и 22-годишно момче од Куманово. Новозаразени се 870 лица, а бројот на активни случаи достигна 14.249. Утре во Македонија почнува наставата со физичко присуство.
„Засега остануваме на сегашните мерки, степенот на ширење на коронавирусот се намалува, а засилено се одвива процесот на вакцинација“, одговори денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање дали поради влошувањето на состојбата ќе биде воведен полициски час или други мерки.