СДСМ го исклучи Максим Димитриевски од партиското членство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за нов градоначалнички мандат, Максим Димитриевски, веќе не е член на СДСМ. Тоа денеска го соопшти генералниот секретар на партијата кој се повика на Статутот.

– Во Куманово одуме со Оливер Илиевски бидејќи актуелниот Максим Димитриевски не е повеќе член на СДСМ Димитриевски сам се исклучи од партијата. Самиот отиде против себе, против СДСМ, против граѓаните – рече Николовски.

Не е познато кој партиски орган ја донел одлуката за Димитриевски, но од СДСМ се повикуваат на Статутот.

– Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ – вели извор од партијата.

Димитриевски изиматиот викенд соопшти дека оди како независен кандидат за втор мандат во Куманово заедно со независна советничка листа.