Според проекциите на ЕК економскиот пад во Македонија допрва ќе биде уште поголем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според аналитичките статистички проекции на Европската комисија, дупката во македонската државна каса ќе биде три пати поголема од првичниот планираното во буџетот за оваа година како последица од коронакризата.

Според оваа проекција, буџетскиот дефицит од планираните за годинава 2,3%, ќе се зголеми на 6,8%. Станува збор за редовниот кусок во буџетот кој вообичаено секоја година се дополнува со заеми внатре или надвор од државата. Со ова се зголемува и јавниот долг на земјава за 7 проценти, од 40,2 на 47,2 проценти. Препорака до Владата е да размислува за ребаланс на буџетот.

„Оваа година буџетскиот дефицит според нашите прогнози ќе биде 6,8%, а следната година ќе се врати во нормала на 3,2 %. Ако го споредите со земјите од Европската Унија ова не е многу голем долг, но Северна Македонија има многу помал капацитет за собирање даноци од ЕУ. Во таа смисла ова е загрижувачки развој на настаните“, вели Фрeк Јанмат- претседател на економски оддел на ЕУ.

Проекцијата на ЕК е пад на економијата во Македонија за -3.9 отсто годинава, што е поголемо од речиси сите проекции кои се движеа до -3,5 отсто.

„Предвидуваме негативен пад на бруто домашниот производ од 3,9 отсто. Ова сценарио е под знак прашалник бидејќи е првично сценарио доколку ригорозните мерки завршат до крај на мај и во третиот квартал економијата да почне да закрепнува…“, додава Јанмат.

Преземените мерки од страна на Владата, според Комисијата, се слични со мерките што ги преземале и државите-членки на ЕУ. Насочени се кон помош на стопанството за исплата на плати и придонеси за зачувување на работните места и задржување на ликвидноста особено кај микро, малите и средните претпријатија. Европската унија засега одвои 66 милиони евра како помош на земјава за надминување на корона-кризата.