Според People, тој е најсекси фраер на светот за 2017 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ласкавата титула за најсексапилен маж на светот за оваа година, според изборот на списанието People Magazine, ја понесе американскиот актер, текстописец, кантри пејач и музички продуцент, Блејк Шелтон.

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

„Цел живот бев грд, но ако можам да бидем секси само една година – со радост ја прифаќам итутлата“, изјави Шелтон во вторникот.

Родум од Оклахома, Блејк десет години беше успешен кантри пејач, а во 2011 година доби шанса да биде судија и ментор на талентирани пејачи во рамки на NBC реалното шоу The Voice.

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

За People вели дека одвај чека да почне да го задева својот колега од The Voice, фронтменот на групата Maroon 5, Адам Левин, со освоената титула. Левин истата титула ја понесе во 2013 година. „Не планирам кон оваа титула да се однесувам скромно како Хју Џекман и нему сличните. Луѓето ќе ме замразат поради тоа колку ќе се фалам“, смеејќи се вели Шелтон.

Пејачот беше во брак со кантри пејачката Миранда Ламберт, а последните две години е во љубовна врска со поп пејачката Гвен Стефани.

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

За списанието откри дека токму Гвен го поттикнала да ја прифати титулата за најсекси маж на светот.

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

Пред него ова признание од престижното списание им припадна на фраери како Двејн Џонсон, Бред Пит, Џорџ Клуни, Џони Деп, Харисон Форд, Рајан Рејнолдс и Дејвид Бекам.

Среќа е она што се случува кога подготовката ќе се сретне со шансата“ – Сенека