СПОДЕЛИ МУЗИКА: Слушнете ја Easy On Me – новата песна на Адел


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Британската пејачка Адел ја објави нејзината најнова песна наречена „Easy On Me“ во која со светот ги сподели деталите за нејзините животни тешкотии во последните шест години.

Станува збор за период во кој 33-годишната пејачка се разведе од сопругот. Иако нејзиниот глас ја нема изгубено силата, текстот на новата песна открива длабока ранливост покрај силниот рефрен „биди нежен со мене“, испеана покрај едноставна клавирска фраза.

Пејачката со години беше надвор од сцената, а по 15 часа од објавувањето на песната на YouTube, истата веќе има над 24 милиони прегледи.

Во новите песни од албумот всушност пејачката ги опишува сите сомнежи што ги имала во бракот со поранешниот сопруг Симон Конецки, омразата кон себе, но и причините зошто се разведоа. Таа рече дека овој албум е направен така што нејзиниот син ќе разбере зошто го напуштила својот татко.

„Мислам дека овој албум се однесува на самоуништување, самоискреност. Но, јас сум подготвена да ги слушнам реакциите на луѓето за мојата приказна. Сакам со овој албум да му објаснам на мојот син, кога ќе има дваесет или триесет години, зошто произволно сум одлучила да го уништам неговиот живот поради мојата среќа. Понекогаш тој е многу несреќен бидејќи јас и неговиот татко сме разведени. И тоа е жива рана за мене и не знам дали некогаш ќе успее да се опорави од тоа “, изјави Адел за британското издание на Вог.