Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
50-годишен жител на село Милино, Општина Лозово попладнево е приведен од полициски службеници од ОВР Свети Николе, по претходни сознанија дека врши поткуп на гласачи за претстојните локални избори.
Како што соопшти вечерва МВР, лицето нудело пари, а лицата кои земале, се потпишувале дека примиле пари.
Тој е приведен по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.