Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Конзервативниот британски парламентарец Дејвид Ејмс (69), кој денеска беше неколкупати избоден во црква во Велика Британија, почина неколку часа по нападот.
Скај њус јави дека непознат маж влегол во црката во која Ејмс разговарал со своите бирачи и му задал повеќе убодни рани. Полицијата веднаш стигнала на местото и ги затворила околните патишта, по што фатен е сторителот.
Осомничен за нападот е 25-годишен маж, а од полицијата велат не трагаат по никого друг.
Кој беше Дејвид Ејмс?
Шеесет и деветгодишниот Ејмс е татко на пет деца, а во парламентот влегол во 1983 година како конзервативен пратеник за Бејсилдон, пишува Би-би-си.
Одгледан како римокатолик, политички бил познат како социјален конзервативец и истакнат борец против абортусот како и борец за правата на животните. Поддржувал забрана на лов на лисици, а бил и покровител на Фондацијата за конзервативна заштита на животните.
Бил познат по големо залагање за Саутхед, како и по кампањата тоа место да добие статус на град.
Бил истакнат монархист и повикувал да се изгради статуа на кралицата за да се одбележи нејзиниот платинест јубилеј.