СПОДЕЛИ МУЗИКА: Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев, Исмаил Лумановски – „Идила“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред нешто помалку од една недела Каролина Гочева најави дека ќе ги почести своите обожаватели со ново парче музика.

Денес, на својот официјален ЈуТјуб канал Гочева ја промовираше песната „Идила“, а позитивните реакциите од нејзината верна публика на социјалните мрежи се нижеа една по друга.

– Веќе може да ја чуете „Идила“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски на мојот ЈуТјуб канал. Се надевам ќе ви се допадне“, напиша Каролина на својот Инстаграм профил.