Музичките изведувачи во петок на протест против новите владини одлуки за рестриктивните мерки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Незадоволни од најновите владини одлуки за рестриктивните мерки против Ковид-19 кај нас, музичарите во петок излегуваат на протест. Тие протестот го најавија поради тоа што во најновиот бран олабавување на мерките се дозволуваат настапи во живо единствено на свадби. Од Здружението „Музика сега” велат дека се единствени на кои сè уште не им е дозволено да работат. Се чувствуваат дискриминирани и не гледаат никаква логика во донесените мерки.

Од Здружението велат дека засегнати се над 1.000 музичари кои се оставени без работа веќе 15 месеци. Немаат никакви приходи и бараат итно да им се дозволи да настапуваат.

Музичарите предупредуваат дека новите мерки ќе создадат хаос и ќе резултираат со лажно организирање свадби во угостителските објекти.

Тие уште лани предложија протокол за мали настани, со цел да им се дозволи да работат, но за сега без резултат. Со цел надлежните да ги чујат нивните барања, закажаа протест пред Владата во петок на пладне.