Честито партиска книшка, „камрад“ Сигал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер и мајстор за боречки вештини Стивен Сигал стана член на руска партија која го поддржува Владими Путин.

Сигал прими членска книшка од партијата Праведна Русија-патриоти- за вистина, која е создадена оваа година при соединување на три партии кои го поддржуваат Путин, пишува „Гардијан“.

Сигал има руско државјанско од 2016 година, а Путин го нарекува свој пријател, бидејќи заедно ја делат страста и љубовта кон боречките вештини,

Актерот во 2013 година изјави дека Путин е еден од најголемите светски лидери, а минатиот месец како претставник на Русија отпатува во Венецуела и на тамошниот претседател му подари самурајски меч.