Список причини, зошто се намалува либидото кај жените… ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дури 60% од жените открија во едно истражување дека заморот и стресот им е главни виновници за намалената сексуална желба.

Во последно време не сте расположени за секс, а и кога ќе се случи веќе не уживате како порано. Најверојатно причината се крие во некоја од овие причини.

Диета

Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, може да ви се случи либидото да ви опадне. Со помало внесување на калории во организмот, се намалува и внесот на енергија, што може да предизвика губење на апетитот за оние работи.

Помалку сон

Доколку спиете помалку од пет часа на ден, доаѓа до помалку лачење на машкиот полов хормон тестостерон, што пак доведува до намалена сексуална потреба. Помалку сон е одговорен и за намаленото женско либидо.

Апчиња за контрацепција

Студијата спроведена пред две години го потврди сомнежот дека контрацептивните апчиња ја намалуваат желбата за секс.

Прејадувањето

Доколку сте склони на прејадување, местата за врелите игри во креветот по обилна трпеза нема. Имено, внесувањето на намирници кои содржат повеќе заситени масти директно влијае на малиот доток на крв во половите органи.

Стрес

Дури 60% од жените открија во едно истражување дека заморот и стресот се главни виновници за намалената сексуална желба. Истиот пример се споменува и кај намалената сексуална желба кај мажот.

Депресија

Оваа ментална состојба на многумина им влијае на либидото. Дури 70% од испитаниците кои ја искусиле оваа состојба кажале дека депресијата им ја намалила желбата за секс, а утврдено е дека некои од антидепресивите се одговорни за секауланата дисфункција.

Анемија

Кај жените анемијата може да биде виновник за помала потреба за секс. Решението е во внесувањето на грозје во организмот.