Спасовски и Тасевски го посетија во болница струшкиот полициски началник кој беше избоден од велештанец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во струшката болница го посетија повредениот началник на ОВР Струга Д.А врз кого беше извршен брутален обид за убиство. Началникот моментално се наоѓа во стабилна здравствена состојба, информираа од МВР.

Посакувајќи му што поскоро опоравување на повредениот началник, министерот Спасовски го повторил својот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство, пренесува Плусинфо.

– Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот – најсилен – порача Спасовски по посетата на повредениот полициски началник.

Полицискиот началник на ОВР Струга вчера беше нападнат со нож од 44-годишниот С.Н. од село Велешта кој бил во бегство, но потоа е фатен и лишен од слобода.

Напаѓачот од Велешта е обвинет за убиство во обид врз полиицскиот началник Д.А. и одреденен му е 30-дневен притвор, по што тој е спроведен во КПУ Скопје.