Home Актуелно Понеделничко мало освежување

Понеделничко мало освежување

Последниот јулски ден во Македонија носи мало освежување со време кое ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степени.

Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…