Тајниот рецепт за Кока-Кола е во опасност поради воениот конфликт во Судан


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Гумиарабика е суровина која се добива од суданскиот багрем, а која е клучна во производствените процеси во многу сектори ширум светот.

Има повеќе намени и е баран низ целиот свет. Но, неговиот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан, пишува Дојче веле.

Гумиарабика течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: сенегалски багрем (Senegalia senegal), доминантен вид во Судан и пореткиот сејал багрем (Vachellia seyal).

Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за да ги затворат отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, гумиарабика. Во контакт со сончева светлина и воздух, се стврднува. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано и одново за време на сезоната на жетва.

Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, се употребувала за балсамирање на телото на покојникот.

Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна е и како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалоци. Во производството на безалкохолни пијалоци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација.

Колку е навистина важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго на Судан. Но, тогаш не се обрна внимание на нешто исклучително важно: како може компанијата „Кока-Кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина.

Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги произведува своите пијалоци без оваа основна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција, пишува Фактор.

Судан е водечки светски производител на гумиарабика – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од таа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од неговиот извоз. Но, тековните борби го запреа извозот.

Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (ОЕЦ), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најголем дел се извезуваше во Франција, САД и Германија.

Суданскиот новинар Хусеин Али за ДВ изјави дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“.

Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на оваа суровина. Но, откако започна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.