Живот

Совети како да се штитите од алергија предизвикана од силните сончеви зраци

Кремите со заштитен фактор се добра заштита за кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат истата. Особено немаат ефективно заштитно влијание врз онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење…

Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“.

Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем.

Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело.

За да се заштитите на време, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила:

-не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот.

-носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор.

-нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на задскриените делови и на оние каде кожата е почувствителна.

-пред изложување на сонце, не ставајте парфеми, особено ако тие се на база на лимон.

To Top