Експертско објаснување кога заразените со коронавирус се најопасни за околината


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доктор Верица Јовановиќ, директорка на Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут“ објасни колку луѓе може да инфицира едно лице заразено со COVID19 и кога луѓето заразени со коронавирус се најопасни за околината.

-Едно лице може да зарази повеќе луѓе, но не постои никакво правило дека ќе зарази, на пример, 5 или 6 лица. Лицето е заразно 2 до 3 дена пред појавата на симптомите и тоа е најопасниот период во кој вирусот се пренесува на друго лице. Заразноста зависи и од тоа каква е комуникација со околината и луѓето во непосредното опкружување, како и од тоа дали лицето кое е заразено имало заштитна опрема или не. Ако имало, тогаш тој потенцијал се намалува, а ако не – тогаш е поризичен преносител, вели д-р Јовановиќ.

Докторката вели дека личноста е заразна со самиот близок контакт преку аеросоли, кога вирусот може да влезе во слузокожата на очите, устата и носот, односно на растојание помало од еден метар без заштитна маска.