Соработка на Nissan и Italdesign – „ѕвер од милион долари“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ограничената серија на модел на суперавтомобилот GT-R 50 која Nissan ја пушта во соработка со дизајнерското студио Italdesign е во знак на чествување на 50-годишниот јубилеј од славната јапонска спортска машина и познатото италијанско дизајнерско студио.

Премиерната промоција на автомобилот ќе се одржи на фестивалот на брзината ​​во британскиот град Гудвуд оваа недела. Моделот е пуштен во ограничен број од 50 примероци. Цената на автомобилот е поставена на 1,05 милиони долари – околу шест пати повеќе од вредноста на обичниот Nissan GT-R Nismo.

Предниот дел добил нов изглед со необични златни елементи, се забележуваат и нови LED светла во областа на крилата. Линијата на покривот е намалена за 54 милиметри, а употребата на злато, исто така, може да се најде и во други елементи.

Издолжен заден прозорец, нови кружни светла, масивно задно крило и карактеристични златни елементи ги надополнуваат промените на автомобилот. Главната боја на телото се нарекува „Liquid Kinetic Gray“ и одлично се вклопува со деталите во златно. Внатрешноста вклучува црна кожа и црна алкантара, како и црн карбон.

Уникатниот Nissan GT-R Nismo е комплетиран со модифициран 3,8-литарски турбо агрегат V6, развива 720 коњски сили и 780 Nm вртежен момент. Тој е за 65 КС и 87 Nm помоќен од моторот на GT-R. Подобрувањето на параметрите на моторот е благодарение на сериозни промени, вклучувајќи поголеми турбополначи, нови клипови, засилени брегасти осовини, итн.