Сопругата на Ел Чапо лансира модна линија со иницијалите од фамозниот наркобос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коронел Аиспуро, сопруга на озлогласениот мексикански наркобос Ел Чапо Гузман, кому му виси доживотна затоврска казна откако беше уапсен од полициските сили и изведен пред американскиот суд, најави дека ќе лансира нова модна линија која ќе биде брендирана со иницијалите на нејзиниот сопруг JGL, Хоакин Гузман Лоера (Joaquín Guzmán Loera).

„Целта ми е да го прикажам мојот стил на облекување и на мојот сопруг. Пред неговото заминување во САД многу разговаравме за овој проект“, објасни во нејзината објава на Инстаграм 29-годишната бивша мисица, која неодамна го привлече вниманието на јавноста со тесната облека што ја носеше во судницата за време на тримесечното судење на Ел Чапо.

Новопечената модна креаторка ги покани светските дизајнери преку адвокатот да ја контактираат.

Стилот на Ел Чапо

Нејзиниот 61-годишен сопруг за време на судењето носел шарени кошули, патики и капчиња за бејзбол. Поротата во судот на Њујорк на 12 февруари го прогласи мексиканскиот наркобос за виновен, а пресудата ќе биде изречена на 25 јуни.

Ел Чапо од екстрадицијата на 19 јануари 2017 година се наоѓа во затвор во Њујорк. Уапсен е во јануари 2016 година во Мексико, а по една година е екстрадиран во САД во согласност со обвинението кое го терети за трговија со наркотици, убиства, киднапирања и други кривични дела.

Пред минатомесечната пресуда потпиша документи кои му дозволуваат да комуницира со надворешниот свет.

Очекување на пресудата и казната

Иако казната се уште не е одредена, практично е сигурно дека Чапо остатокот од животот ќе го помине во американски затвор, со оглед на фактот дека според американскиот закон е задолжителна доживотна казна затвор за кривичните дела за кои е осуден. Тој беше прогласен за виновен за сите десет точки од обвинението.

Шансите да избега од затвор, како што два пати успеа во Мексико каде што исплаќаше милиони долари мито на полицијата и властите, сепак се далеку помали. Се чини дека и самиот е свесен за тоа кога слетал на американско тло.

Ел Чапо, што на шпански значи „краток“ (поради неговиот релативно низок раст), го основаше озлогласениот картел Синалоа во 1989. Во меѓувреме, Синалоа стане „најголемата организација за трговија со дрога во светот со илјадници членови“, како што тврди обвинителство во САД. Ел Чапо го водеше до 2014 година, кога по вторпат беше уапсен и затворен.

До тогаш, според обвинението, неговиот картел во САД прошверцувал најмалку 154.626 килограми кокаин, хероин, метамфетамин и марихуана, во вредност од 14 милијарди долари – повеќе од било кој друг наркокартел некогаш.