Ова лице се бара за истрелување на 6 фатални куршуми во телото на раперот Нипси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата трага по осомничениот 29-годишен Ерик Холдер за убиство на раперот Нипси Хасл, кој беше застрелан пред неговиот бутик во Лос Анџелес.

Од LAPD официјално го објавија името и ликот на осомниченото лице по кое трагаат за убиство на славниот американски рапер.

Според извештајот на полициските служби од Лос Анџелес, Холдер му пришол на Нипси кој стоел заедно со уште две други лица пред трговскиот центар на Вест Слосон Булевар, поточно пред бутикот „Marathon Clothing“. Истрелал неколку истрели и побегнал во блиската уличка. Таму го чекал автомобил кое го управувало засега неидентификувано женско лице, пренесува CNN.

Осомничениот Холдер наводно бил член на лосанџелеската банда Rolling Sixty Kripsi.

Хасл почина како последица на здобиените прострелни рани. Неколку минути пред фаталниот настан, Нипси на Твитер напиша статус кој, откако беше убиен, им ја смрзна крвта во вените на неговите обожаватели: „Благослов е да имаш моќни непријатели“.

Неговиот дебитантски албум „Victory Lap“ од 2018 година беше номиниран за Греми за албум на годината. Нипси со години беше во врска со актерката Лорен Лондон, а зад себе ги остави двете деца кои ги имаат со неа, ќерката Емани и синот Крос.