Актуелно

Сончева среда

Првата февруарска среда во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 9 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.

To Top