Сончева октомвриска среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот октомвриски ден времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени. Маврово 13, Охрид и Берово 16, Битола и Крива Паланка17, Кавадарци 19, Дојран 23.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.