Од Богдановиќ нема да се бара политичка одговорност за венчавката во Грачаница и изјавите за српските медиуми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако изминатиот викенд правеше свадба во Грачаница, сега веќе е јасно дека од градоначалникот на скопски Центар, Саша Богдановиќ, нема да се бара политичка одговорност. Ниту за свадбата, ниту за изјавите.

Премиерот Зоран Заев вели дека не ги видел видео-снимките што ги  пренесоа српските медиуми, на кои се вее српското знаме, се пее песната Косово е Србија, а еден од гостите во изјава вели дека, во Македонија Србите намаат право на венчавки во храмови на кралот Милутин, па мора да одат во Косово. Заев вели дека во изјавите на Богдановиќ, не препознал непочитување за Македонија, но осудува провокации.

Ден по објавените снимки од свадбата на градоначалникот на Центар на Косово, премиерот Заев вели дека ако имало провокации, тој ги осудува. Сепак премиерот потенцира дека во изјавите на Богдановиќ не препознава чувство дека неговите права во Македонија се загрозени.

Јас внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Општина Центар, тој тврди дека се оградува од поединци кои биле на венчавката. Не разбрав дека чувствувал дека во Македонија му е забрането да го прави тоа. Ако имало порака на провокација, ја осудувам. Ние сме авангарда за „Едно општество за сите“ и ги поддржуваме нашите соседи“, изјави Зоран Заев.

Градоначалникот Богдановиќ пак втор ден не одговара на прашањето кои верски права чувствува дека му се загрозени во Македонија, откако ваква изјава даде за српската телевизија Б92.

Покрај ова снимка, бурни реакции во јавноста предизвикаа и тврдењата на братот на сопругата, но и гостите на свадбата на Богдановиќ дека свадбата е огранизирана на Косово, бидејќи србите во Македонија немаат право на венчавки во канонски храмови во земјава.

Вчера и министерот за здравство Венко Филипче го осуди потегот на Богдановиќ за организирање свадба во друга држава во екот на пандемијата, со став дека политичарите треба да бидат пример за граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар пак возврати дека венчавката била организрана со почитување на сите здравствени протколи.