Home Актуелно Сончева и потопла среда

Сончева и потопла среда

Времето оваа среда ќе биде сончево, со мала облачност и релативно слаб до умерен ветар кој ќе дува од променлив правец.

Дневните температури ќе бидатво Скопје 11, Охрид, Крива Паланка и Битола 8, Маврово 2, Берово 7, Кавадарци 12 и Дојран 15 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневните температуриќе бидат пониски – Скопје 7, Крива Паланка 4, Берово 2, Маврово 1, Охрид 5, Битола 6, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневните температури – од 8 до 20 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…