Сончев и ветровит вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој ноемвриски вторник во Македонија го продолжува трендот на стабилно и сончево време со ниски утрински температури. За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена до значителна облачност. Ќе дува и умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Tемпературата ќе се движи од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена до значителна облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 10 степени. Маврово 7, Охрид, Битола и Кавадарци 11, Крива Паланка и Берово 8, Дојран 15.

Во следните денови времето ќе биде слично со појава на магла по одделни котлини каде температурата ќе биде пониска и во текот на денот.