Сончев и топол вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот мајски вторник во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени.

Утре времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.