Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Времето во Македонија денеска, вторник, 21. јуни, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени, Маврово 24, Охрид 27, Битола 32, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 26 до 38 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…