Home Актуелно Сончев и топол последен октомвриски понеделник

Сончев и топол последен октомвриски понеделник

И овој последен понеделник во октомври ќе имаме сончево и топло време, со слаб ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 21, Битола 24, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 22, Дојран 28.

И утре ќе се задржи сончево и топло време. Од среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд. Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…