Сончев и топол последен априлски ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот априлски ден и предвелигденски петок во земјава носи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 29 степени. Маврово 22, Охрид 24, Битола 28, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци и Дојран 29.

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значително повисоки температури кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.