Сончев и топол петок


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Осмиот ден од месец мај во Македонија носи сончево време со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 16, Битола 22, Охрид 19, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 25.

Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.