Home Актуелно Сончев и топол мајски вторник

Сончев и топол мајски вторник

Првиот мајски вторник во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, исто така сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови според УХМР времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен претежно јужен ветер, а повремено засилен долж Повардарието. Температурите најпрвин ќе бидат нешто пониски, потоа благо ќе се покачат кон следниот викенд. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…