Home Актуелно Сончев и топол четврток

Сончев и топол четврток

29-тиот ден од месец април, четврток, во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, во источните од југоисточен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 19 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 26 степени. Маврово 19, Охрид 22, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…