Сончев и студен понеделник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој јануарски понеделник во Македонија носи сончево и студено време. Претпладне во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -12 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен. Маврово -5, Охрид -2, Битола -12, Крива Паланка -3, Берово -4, Кавдарци 2, Дојран 4.

УХМР најавува дека утре ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.