Home Актуелно Сончев и релативно топол последен февруарски понеделник

Сончев и релативно топол последен февруарски понеделник

Денес, 24 февруари, последен понеделник во вториот месец од 2020 година, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 12, Берово 13, Дојран 21.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 15, Маврово 13, Охрид 14, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 11, Берово 12, Дојран 19 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…