Во македонско возило во Црна Гора откриени и запленети 12 килограми хероин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во заедничка истражна активност на црногорската и македонската полиција, на граничниот премин Кула вчера во македонски автомобил беа откриени и запленети околу 12 килограми хероин и уапсени се две лица.

Полициската управа на Црна Гора соопшти дека на царинскиот премин Кула на влез во земјата била извршена контрола на возило марка „хјундаи” со македонски регистарски таблици, со кое управувал А.А. (28) од Скопје, а на совозачкото место се наоѓала И.С. (23), исто така, од Скопје, пренесува подгоричка „Побједа”.

„По деталниот преглед на возилото, во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин”, се наведува во соопштението.

Со полициската акција е пресечен шверцерски канал, преку кој од правец на Северна Македонија, хероин од Косово, преку територијата на Црна Гора, се пренесувал кон земјите од Западна Европа. Се претпоставува дека во конкретниот случај дрогата била наменета за Италија.

Согласно координираните активности, се додава во соопштението, во Северна Македонија во тек се претреси на повеќе локации и се врши идентификување, лоцирање и процесуирање на останати учесници, кои, како што постои сомнеж, се вмешани во орагинизирано криумчарење хероин преку оваа рута.