Home Актуелно Околу 16.000 Македонци живеат во Венето и Ломбардија – места изолирани поради коронавирусот

Околу 16.000 Македонци живеат во Венето и Ломбардија – места изолирани поради коронавирусот

Статистичките податоци велат дека отприлика 64.000 илјади македонски државјани живеат во Италија. Од нив, околу 12.000 се во Венето, а околу 4.000 во Ломбардија, двата северни региони во земјата каде се ставени во изолација 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.

Ова се статистички податоци од италијанскиот сајт Тутиталиа. Податоците се од 2019 година, а засега нема официјални информации од нашите надлежни органи за состојбата со македонските државјани во овие два италијански региони, каде што се воведени вонредни мерки, откако во Италија досега се регистрирани над сто случаи на заразени од коронавирусот, од кои 89 во Ломбардија. Три лица починаа како последица на коронавирусот.

Според податоците на сајтот Тутиталиа, во Венето има 11.736 македонски државјани, а во Венеција, која се наоѓа во овој регион 2.820 македонски државјани.

Во Ломбардија, пак, според истите податоци лани живееле 3.648 македонски државјани, а во модниот центар Милано 335.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…