Home Актуелно Сончев четврток со малку облаци

Сончев четврток со малку облаци

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. Маврово -1, Охрид, Крива Паланка и Берово 4, Битола 5, Кавадарци 9, Дојран 12.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…