Home Актуелно Солун, Лариса и Кукуш влегуваат во црвена зона – се воведува полициски час и други рестриктивни мерки

Солун, Лариса и Кукуш влегуваат во црвена зона – се воведува полициски час и други рестриктивни мерки

Солун, Лариса, Халкидики и Килкис од утре преминуваат во црвената зона и се воведува полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во седум грчки региони, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, четирите региони од северна Грција, веќе се во црвената категорија, а рестрикциите стапуваат во сила утре наутро и ќе важат до следниот петок.

Рестриктивните мерки се продолжени и во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела, Кавала, Касторија и Ксанти, сите во северниот дел на земјата.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…