Административците „се отепаа“ од работа, па ќе им го намалуваат работното време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на измените кои ќе го носи новиот закон за административни службеници, предвидено е наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

Законот кој сега е во нацрт верзија, а објавен на ЕНЕР, го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, пренесува порталот Фактор.

Во членот 55 од законот, кој се однесува на работното време, пишува: „Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно 8 часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“.

Според актуелниот закон, администрацијата работа 40 работни часа неделно, секој ден од 7:30 или од 8:30 часот до 15:30 или до 16:30 часот.