Home Спорт Соиграчите му го спасиле животот на Торес: Мадрид ги слави хероите Габи и Врсаљко!

Соиграчите му го спасиле животот на Торес: Мадрид ги слави хероите Габи и Врсаљко!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи и хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко се најзаслужни за спасувањето на Фернандо Торес кој вчера стравично се повреди на дуелот против Депортиво.

Тие не дозволија напаѓачот да си го проголта јазикот, а нивната спретна реакција ја пофали докторот на Депортиво, Карлос Ларињо кој прв му даде помош на Шпанецот долу на теренот.

„Она што Габи и Врсаљко го направија е клучно, реагираа брзо и спретно. Завршија одлична работа. Габи бил гризнат додека се обидувал да му го извади јазикот“, истакна докторот.

Утрово и самиот Фернандо се огласи преку Твитер благодарејќи им на сите за поддршката, а навивачите на „јорганџиите“ преку социјалните мрежи им заблагодаруваат на Габи и Врсаљко.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…