Home Актуелно Собранието го усвои францускиот предлог

Собранието го усвои францускиот предлог

Со 68 гласа „за“ и без ниту еден „против“ поради тоа што пратениците на опозицијата не гласаа, во македонското Собрание беа изгласани заклучоците со коишто на Владата ѝ се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во Европската Унија.

Ова меѓу другото значи дека Собранието дава зелено светло за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

По гласањето следуваше голем аплауз од страна на пратениците.

По гласањето, собранискиот спикер најави пауза, а по неа од 14 часот ја закажа седницата за Буџетот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…