Османи и Генчовска го потпишаа протоколот во Софија – текстот од истиот останува тајна, Бугарија не го признава македонскиот јазик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, денеска во Софија ставија потпис на протоколот меѓу Македонија и Бугарија.

Но, македонските граѓани ќе чекаат до вторник за официјално да дознаат што содржи протоколот со Бугарија. На 19 јули ќе биде познато кој е во право – Генчовска која вели дека денеска потпишаниот документ е составен дел од пакетот на францускиот предлог или на Османи кој вели дека преговорите нема да зависат од решавањето на историските прашања со источниот сосед.

Шефот на македонската дипломатија Османи посочи дека пред потпишувањето на протоколот имале конструктивни и суштински разговори за работата на петте групи но и оценува дека доста е сработено. Според него ова е ново поглавје за поблиска соработка меѓу двете земји.

По потпишувањето на протоколот во Софија, Генчовска средбата исто така ја оцени како корисна и конструктивна а посочи дека евидентен е и напредокот во останатите работни групи .

Сепак на брифингот со новинарите посочила дека македонскиот јазик не го признаваат но истовремено и дека е свесна дека официјална Софија не може тоа мислење да го наметне на останатите земји членки на ЕУ но ќе изготват посебна и еднострана декларација до Брисел за нивните позиции по однос на јазикот.

Покрај Османи како дел од Владината делегација која присуствуваше во Софија беше и министерот за правда Бојан Маричиќ кој пак писмено исто така се огласи оценувајќи:

– Денес отворивме европско поглавје во односите со соседна Бугарија. За стратешките и важни прашања нема друга алтернатива освен компромисни решенија кои ја враќаат довербата и градат партнерства и сојузништва“.

Покрај Маричиќ со османи во Софија беа и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Денешното потпишување на протоколот следува откако вчера македонското Собрание изгласа заклучоци за францускиот предлог за надминување на спорот со Софија и за предлог-преговарачката рамка, а потоа Владата на седница одлучи да го прифати предлогот од Франција. Во вторник (19 јули) во Брисел, пак, се очекува да се одржи и првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.