Home Актуелно Адвокатот Туфегџиќ тврди дека нотарските изјави од пратениците од опозицијата се ништовни

Адвокатот Туфегџиќ тврди дека нотарските изјави од пратениците од опозицијата се ништовни

Адвокатот и бивш судија Владимир Туфегџиќ тврди дека нотарските изјави што ги потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ништовни и не произведуваат правно дејство, пренесува Фокус.

„Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се ништовни од причина што во изјавата е содржано неуставното име на државата и не може да произведе правно дејство ниту спрема државата ниту спрема давателот на изјавата. Со оглед на содржината на изјавата се поставува прашање за правниот основ за заверка кај надлежен нотар бидејќи дел од содржината е во директна спротивност со Уставот“, напиша Туфегџиќ на фејсбук.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени дека пратениците на опозицијата со нотарски изјави гарантирале дека нема да гласаат за уставни промени согласно францускиот предлог, а дел од пратениците ги објавија изјавите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…