Home Актуелно Генчовска повторно потенцираше дека Бугарија не го признава македонскиот јазик

Генчовска повторно потенцираше дека Бугарија не го признава македонскиот јазик

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, посочи дека протоколот содржи амбициозни мерки, кои имаат за цел да решат многу од отворените прашања. Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“, рече Генчовска, потенцирајќи дека официјална Софија не го признава македонскиот јазик.

– При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во РСМ, може да трае три месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години. Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик – нагласи таа.

Таа додаде и дека ќе продолжи работата на ниво на „експерти“ со Македонија, а бугарските медиуми известуваат дека протоколот ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…