Со свечена церемонија утре пред Влада ќе се постави знамето од НАТО


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако денес беше отстранета таблата со натпис „Влада на Република Македонија“, утре, со свечена церемонија, пред владината зграда ќе биде подигнато знамето на НАТО.

Како што најави владината прес-служба, во рамките на свеченоста, пред платото на Владата ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Претходно, денеска, беше остранета таблата од зградата на македонската Влада со натпис – Влада на Република Македонија, а се очекува деновиве на местото да биде поставена табла со новото уставно име на државата.