Home Актуелно Со секирал ограбил туристичка агенција во Струмица – „џапнал“ 25.000 евра

Со секирал ограбил туристичка агенција во Струмица – „џапнал“ 25.000 евра

Неидентификувано лице во текот на вчерашниот ден, некаде после 18 часот попладнето, вооружен со секира во рака влегол во туристичка агенција во Струмица од каде под закана на вработената украл 25.000 евра.

Според пријавата во СВР Струмица, разбојникот го извршил кривичното дело во туристичката агенција „Атлантис” во Струмица од каде со закани кон вработената успеал да ги украде парите и да побегне во непознат правец.

Од СВР Струмица информраат дека се превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…