понеделник, септември 26, 2022
Home Актуелно Со победата на Трамп почна и зголемувањето на вредноста на доларот

Со победата на Трамп почна и зголемувањето на вредноста на доларот

Трговците со валути сметаат дека постојат 45 проценти шанси за вредноста на доларот спрема еврото да се зголеми на еден долар до крајот на идната година, пишува Блумберг.

Пазарот денеска се потпира на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците и дека ќе ја зајакне потрошувачката. Тоа би требало да го зголеми економскиот пораст, а тоа на крајот би довело до побрзо зголемување на каматните стапки на централната банка.

Аналитичар во Дојче банка, која е четврти најголем трговец со валути во светот, предвидува дека курсот ќе се зголеми на 1,05 долари за едно евро, а до крајот на следната година едно евро би можело да чини 95 центи.

На тој начин еврото во однос на доларот би било најслабо од 2002 година.