Home Актуелно Видовитиот професор ја предвиде победата на Трамп – еве што вели за...

Видовитиот професор ја предвиде победата на Трамп – еве што вели за неговиот мандат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Политичкиот историчар Алан Лихтман, познат и како Видовитиот професор, досега има беспрекорен резултат во предвидување на исходите од изборите.

Лихтман ниеднаш досега не погрешил во своите предвидувања, па можеби Америка требаше повнимателно да го слуша и да се подготви кога тој рече дека Доналд Трамп ќе победи.

Во своето гостување на популарниот телевизиски канал CNN, Лихтман ја изненади американската јавност со неговото ново предвидување дека Трамп најверојатно ќе се соочи со импичмент.

Според Лихман, ова се должи на тоа што Доналд Трамп секогаш избрзува и не внимава на законите, па постои можност како претседател на САД да направи нешто непромислено.

Дури и во неговата републиканска партија го сметаат за човек без контрола и затоа се плашат од него и од тоа што тој може да направи. Во исто време, никој точно не знае во што тој верува и за што се залага, рече Лихтман за Трамп, и додаде дека неговите предвидувања се базираат на инстинкт.