вторник, мај 17, 2022
Home Актуелно Невработеноста во Британија на минимални 4,8 проценти

Невработеноста во Британија на минимални 4,8 проценти

Стапката на невработеност во Велика Британија во три месеци заклучно со септември падна на 4,8 проценти, покажаа објавените официјални податоци. Меѓу работодавците спласна загриженоста поради Брегзит.

Во периодот јули-септември во Британија е забележана најниската стапка на невработеност за 11 години, додека во три месеци заклучно со август таа изнеусвала 4,9 проценти, соопшти британската канцеларија ONS, а пренесува агенцијата Франс прес.

Во три месеци заклучно со септември, во Британија имало 1,6 милиони невработени лица, што е за 146,000 помалку во однос на година дена претходно.

Според неодамна објавените податоци, британската економија во третиот квартал пораснала за 0,5 проценти, што е сериозно забавување во однос на растот од 0,7 проценти од вториот квартал, но над пазарните очекувања и прогнозираниот раст од 0,3 проценти.