Актуелно

Со неисплатени субвенции и недооткупен лански тутун – вака тутунарите ја започнаа годинешната сезона

Се расадува новата реколта на тутун во едни од најтешките услови за тутунарите досега. Новата сезона и новите инвестиции ги започнуваат со откупна година која е една од најлошите, со зголемени трошоци за репроматеријали за 30%, без зелена нафта и без земени субвенции, целосно задолжени по земјоделските аптеки. Најголем проблем за почнување на новата реколта имаат оние тутунари чиј тутун остана неоткупен.

Канал 5 пренесува дека упатиле официјално прашање колку тутун остана годинава неоткупен а во одговорот на министерството за земјоделство се вели..

-Ние јавно ги повикувавме тутунарите да го носат вишокот на тутун во откупните пунктови. Вишокот е откупен и повеќе од планираното. Некои неформални изјави укажуваат дека се работи за многу мал дел кој останал неоткупен. Причините не ни се познати.

Тутутнарските здруженија се зачудени како матичното министерството кое има над илјада вработени со подрачни единици во сите тутунарски региони и сектор за тутун од неформални изјави дознава дека годинава останало многу малку тутун неоткупено.

Тутунарите порачаа дека досега требаше да излезе владата и да каже како ќе се надополни разликата од постигнатата просечна цена од 159 денари до ветените 185 денари со оние 10 денари по килограм што се добиваат ако се поделат 5 те милиони евра од петтиот пакет мерки на количината на тутун која се откупи.

To Top