Home Вебкафе „Со крстот на чело“: Змиите кои денес излегуваат во оваа црква ги сметаат за свети

„Со крстот на чело“: Змиите кои денес излегуваат во оваа црква ги сметаат за свети

На августовскиот празник Успение на Пресвета Богородица сметан според стариот календар, во една црква во Кефалонија, Грција, се случува еден интересен и необичен, за верниците многу значаен феномен.

Станува збор за таканаречени „свети змии“ кои излегуваат во споменатата црква токму на денешен ден и тоа во голем број, притоа без да бидат агресивни и да ги напаѓаат луѓето. Напротив, се галат и се блиски со нив.

Верниците се убедени дека тие се благословени од Богородица. Змиите се појавуваат на 15 август во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.

Според верувањето народот ги нарекува свети змии кои на главата имаат шара како крст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…